• вторник, 26 ноември 2024

Турција втор ден по ред ги гаѓа курдските милитанти во Сирија и Ирак

Турција втор ден по ред ги гаѓа курдските милитанти во Сирија и Ирак

Анкара, 24 октомври 2024 (МИА) – Турција денеска втор ден по ред изврши напади со дронови врз наводни упоришта на курдските милитанти во Сирија и Ирак, по нападот врз просториите на воената компанија во кој загинаа најмалку пет лица загинаа, јавија локалните медиуми.

Националната разузнавачка организација гаѓаше голем број „стратешки локации“ што ги користат Курдистанската работничка партија (ПКК) или сириските курдски трупи, јави Анадолија. Целите вклучуваат воени, разузнавачки, енергетски и инфраструктурни објекти и складишта за муниција, се вели во извештајот.

Претходно вчера турските воздухопловни сили извршија воздушни напади врз слични цели во северна Сирија и северен Ирак, неколку часа откако владините претставници ја обвинија ПКК за смртоносниот напад врз седиштето на воздухопловната и одбранбената компанија ТУСАС.

Министерот за одбрана Јашар Ѓулер денеска изјави дека во воздушните напади вчера биле уништени 47 цели на ПКК, од кои 29 во Ирак и 18 во Сирија.

Од ПКК нема реакција во врска со нападите. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан