• сабота, 23 ноември 2024

Турција бара од Данска да преземе итни мерки за да го спречи палењето на Куранот

Турција бара од Данска да преземе итни мерки за да го спречи палењето на Куранот

Анкара, 29 јули 2023 (МИА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан ја повика Данска да преземе итни мерки за да го спречи палењето на Куранот, изјавил за светските агенции неименуван извор од турското Министерство за надворешни работи.

Според него, во телефонски разговор со шефот на данската дипломатија Ларс Локе Расмусен, Фидан ги осудил континуираните „гнасни напади“ врз Куранот.

Тој му рекол на Расмусен дека е неприфатливо да се дозволат такви акции под превезот на слободата на изразување.

Припадници на данската ултранационалистичка организација „Патриоти“ на 21 јули запалија копија од Куранот и ирачко знаме пред ирачката амбасада во Копенхаген, а нивната акција ја пренесуваа во живо на Фејсбук. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан