• среда, 18 декември 2024

Турски извори демантираа дека канцеларијата на Хамас се префрлила во Турција

Турски извори демантираа дека канцеларијата на Хамас се префрлила во Турција

Анкара, 18 ноември 2024 (МИА) - Информациите дека канцеларијата на палестинската група Хамас е преместена во Турција не се точни, изјави денеска турски дипломатски извор.

Изворот додаде дека членовите на организацијата понекогаш ја посетуваат Турција.

„Членовите на Политичкото биро на Хамас понекогаш ја посетуваат Турција. Тврдењата дека Политичкото биро на Хамас се преселило во Турција се невистинити“, рече изворот.

Катар минатата недела, исто така, ги негираше тврдењата дека побарал од Политичкото биро на палестинската група да ја напушти земјата, каде што се наоѓа од 2012 година. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан