• недела, 24 ноември 2024

Турски авион ќе изврши нов набљудувачки лет над БиХ во рамките на „Отворено небо“

Турски авион ќе изврши нов набљудувачки лет над БиХ во рамките на „Отворено небо“

Сараево, 6 септември 2024 (МИА) - Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина информира дека, во периодот од 9 до 13 септември 2024 година, ќе се спроведе нов планиран набљудувачки лет во рамките на Договорот „Отворено небо“.

Министерството за одбрана и Оружените сили на БиХ, во соработка со Министерството за надворешни работи, Министерството за комуникации и транспорт на БиХ и Меѓународниот аеродром Сараево, ќе го реализираат набљудувачкиот лет на Република Хрватска и Република Турција, според одредбите на меѓународниот договор „Отворено небо“.

Граѓаните се информираат дека станува збор за најавена активност, при што екипажот на авионот и меѓународните инспектори ќе бидат придружувани од тим од Оружените сили на БиХ и Министерството за комуникации и транспорт. Летот ќе биде спроведен со CN-235 авион од военото воздухопловство на Република Турција. ссм/

фото: архива

Остани поврзан