• сабота, 28 декември 2024

Турскиот амбасадор Улусој во посета на село Мелница, Општина Чашка

Турскиот амбасадор Улусој во посета на село Мелница, Општина Чашка

Велес, 1 август 2024 (МИА) - Амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој ја посети Општина Чашка каде се сретна со градоначалникот Горан Стојановски.

Како што изјави денека за МИА градоначалникот на Општината Стојановски, на редбата на која амбадорот Улусој бил придружуван од заменик амбасадорот, присутвувале и претседателот на месната заедница во село Мелница Сезгин Бељуровски и Беќир Таировски, претставник од Друштвото на иселениците Мак-Мел.

Тема на разговор биле можности за поддршка од страна на Турската Амбасада на проекти кои би се реализирале во село Мелница, а кои би биле наменети пред се’ за децата и младите, како и за останатите жители во ова село, кое е едно од поголемите села во Општина Чашка. ад/вг/

Фото: Општина Чашка

Остани поврзан