• среда, 18 декември 2024

Турската Амбасада во Дамаск повторно отворена по 12 години

Турската Амбасада во Дамаск повторно отворена по 12 години

Анкара, 14 декември 2024 (МИА) – Турското знаме денеска е подигнато во Амбасадата на Турција во Дамаск, а активностите на амбасадата продолжија по 12 години, јави Анадолија.

Опозицијата, која од 27 ноември во Сирија се судри со режимските сили на Башар ал Асад во западниот дел на Алепо, на 8 декември ја презеде контролата врз главниот град Дамаск, прекинувајќи го 61-годишното владеење на партијата Баас.

Активностите на турската Амбасада беа прекинати во 2012 година, но денеска повторно официјално се обновени.

Турскиот амбасадор во Нуакшот, Мавританија, Бурхан Ќороглу на 12-ти декември е назначен за привремен вршител на должност во амбасадата на Турција во Дамаск.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан вчера најави дека турската Амбасада во Дамаск од 14 декември повторно ќе биде во функција.

Башар ал Асад, лидерот на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако бунтовничките групи ја презедоа контролата врз Дамаск, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, која беше на власт во Сирија од 1963 година, потсетува Анадолија.

Фото: Анадолија

Остани поврзан