• сабота, 23 ноември 2024

Турската Агенција за унапредување и развој на туризмот дел од УО на придружни членки на Светската туристичка организација при ОН

Турската Агенција за унапредување и развој на туризмот дел од УО на придружни членки на Светската туристичка организација при ОН
Скопје, 5 јануари 2022 (МИА) - Агенцијата за унапредување и развој на туризмот на Република Турција (ТГА) е назначена за членка на Управниот одбор на придружни членки на Светската Туристичка Организација при Обединетите Нации (СТООН) за периодот 2022-2025 година. Како што соопштуваат од Турската амбасада - канцеларија за културно-информативни работи, ТГА, која ќе ја претставува Турција во период од четири години ќе игра одлучувачка улога во најголемите и одржливите туристички цели на Светската туристичка организација. Светската туристичка организација при Обединетите нации (СТООН) како агенција одговорна за промовирање на одговорен, одржлив и универзално достапен туризам ги одредува придружните членки на Управниот одбор за периодот 2022-2025 година. Генералниот секретар на СТООН Зураб Пололикашвили, ја назначи Агенцијата за унапредување и развој на туризмот на Република Турција (ТГА) за членка на Одборот на придружните членки нагласувајќи дека ТГА е силна и важна организација и изразувајќи желба да работи со ТГА за прашања тесно поврзани со организацијата, како што се управување со туризмот и промоција на дестинации во периодот по Ковид-19. Пололикашвили исто така посочува дека верува во знаењето и искуството на TGA, што според него ќе претставува додадена вредност на работата на Управниот одбор на придружните членки. Во периодот 2022-2025 година во рамки на Управниот одбор на придружните членки, ТГА ќе ја претставува Елиф Балџи Фисуноглу која има повеќе од 25 години искуство во областа на патувањето и туризмот, работи во TGA од јануари 2020 година и моментално има функција на заменик-генерален директор на ТГА. За членки на Управниот одбор на придружните членки, покрај ТГА, се назначени и Хрватското национално биро за туризам, Јапонското туристичко биро и бирото за туризам на регионот Баскија на Шпанија. Новиот Управен одбор на придружните членки ќе се состане официјално првпат овој месец, а на истата седница ќе се определи и датумот на првата седница на која членките на одборот на директори ќе избираат претседавач и потпретседател. Придружни членки на СТООН како глобална платформа за размена на информации, се повеќе од 500 компании, образовни институции, дестинации и невладини организации кои работат во овласта на туризмот. Мисијата на придружните членки се состои од размена на информации помеѓу земјите членки на СТООН и придружните членки како и придонесување во промоцијата на Целите за одржлив развој на Обединетите нации. Придружните членки преку мрежата и каналите на СТООН, имаат можност да обезбедат видливост на локална, национална и глобална арена. Придружните членки на секои две години избираат вкупно 20 членки, од кои осум се во „Глобална“ и 12 во „Регионална“ категорија. Покрај тоа, генералниот секретар на СТООН назначува три од овие членки како дел од Извршниот одбор на организацијата. Извршниот одбор на придружните членки функционира како советодавен одбор на Генералниот секретар на UNWTO и гарантира дека придружните членки се интегрираат и придонесуваат за целите, мисијата и целокупната програма за работа на СТООН. Меѓу глобалните членки на одборот на придружните членки се институции како што се Tripadvisor, IATA, Светската асоцијација на туристички водичи, Турската асоцијација на туристички инвеститори од Турција (TYD), Турската федерација на хотелиери (TUROFED), Сојузот на трговски комори и берза на Република Турција (ТОББ) и Универзитетот Богазичи. вг/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан