• среда, 25 декември 2024

Турнир во шах во штипското средно училиште „Коле Нехтенин“

Турнир во шах во штипското средно училиште „Коле Нехтенин“

Штип, 4 ноември 2024 (МИА) - По повод Денот на ослободувањето на Штип, трета година по ред Средното општинско училиште „Коле Нехтенин“ организира турнир во шах. Целта е афирмација на оваа спортска дисциплина, но и општ придонес на училиштето за одбележување на овој значаен ден.

Директорката на СОУ „Коле Нехтенин“ Јованка Шалева денеска истакна дека годинава тие имаат учесници и од СОУ „Гошо Викинтиев“- Кочани, а интересот за оваа дисциплина од година во година ќе биде уште поголем. Додава дека шахот е метафора на самиот живот, бидејќи човекот ќе успее само кога ќе посегне по вистински чекори.

-По повод 8 Ноември, Денот на ослободувањето на градот Штип и големиот христијански празник Митровден, веќе трета година по ред во нашето училиште организираме турнир во шах. Целта на овој турнир е афирмација на оваа спортска дисциплина, меѓутоа и да дадеме наш придонес за одбележување на големиот ден во нашиот град. Она што е новина во оваа година е тоа што поканивме ученици од СОУ „Ѓошо Викинтиев“ од Кочани и на овој ден имаме чест да ни биде гостинка ученичката која што минатата година освои прво место на државно ниво и интересот за оваа спортска дисциплина ќе биде уште по голем, бидејќи како што кажавме шахот е матафора на самиот живот, човек ќе успее само кога ќе посегне по вистински чекор, вели Шалева.

Професорот по физичко од СОУ „Коле Нехтенин“  Антонио Киров вели дека шахот е од голема важност за учениците.

-До година мислам дека ова ќе биде уште помасовно, да зеде шахот поголема масовност, да го рашириме во градот, како што и младите да ги отргнеме малку од улиците. Инаку, првите тројца добиваат дипломи за прво, второ и трето место, значи ова е еден вид дружба, но и стратегија шахот како игра, рече Киров

Учесниците од СОУ „Коле Нехтенин“ велат дека ова за нив претставува можност за да се навлезе подлабоко во оваа дисциплина, додавајќи дека со натпеварот се зголемува и интересот. вдј/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан