Турк: Со воените акции во Газа, Израел покажува невиден презир кон човековите права
- -Ништо не го оправдува ужасниот начин на кој Израел ги спроведе своите воени операции во Газа, кои постојано го кршат меѓународното право, рече Тирк додека го презентираше новиот извештај за состојбата со човековите права во Газа, окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим пред Советот за човекови права во Женева, јавија британските медими.

Женева, 27 февруари 2025 (МИА) - Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Волкер Турк, го обвини Израел дека покажал невиден презир кон човековите права со своите воени акции во Појасот Газа и оцени дека палестинската милитантна група Хамас го прекршила меѓународното право.
-Ништо не го оправдува ужасниот начин на кој Израел ги спроведе своите воени операции во Газа, кои постојано го кршат меѓународното право, рече Тирк додека го презентираше новиот извештај за состојбата со човековите права во Газа, окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим пред Советот за човекови права во Женева, јавија британските медими.
Турк, исто така, истакна дека Хамас неселективно истрелал проектили на израелска територија, што се смета за воено злосторство.
Војната меѓу Израел и Хамас започна на 7 октомври 2023 година, со ненадејна офанзива на палестинскиот Хамас врз блиските израелски градови, граничните премини во Газа, соседните воени објекти и цивилните населби.сд/
фото:МИА архива