• среда, 25 декември 2024

Турковиќ: Препораката за кандидатски статус е историска за Босна и Херцеговина

Турковиќ: Препораката за кандидатски статус е историска за Босна и Херцеговина
Сараево, 12 октомври 2022 (МИА) - Одлуката на Европската комисија да му препорача на Советот на Европската Унија, Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус е добредојдена и историска за нашата држава и за граѓаните, оцени министерката за надворешни работи на земјата, Бисера Турковиќ. „Ова е силна порака за граѓаните на Босна и Херцеговина, на што се надевавме и претходно, дека нашата иднина е внатре во европското семејство“, истакна Турковиќ на Фејсбук. Таа ги поздрави напорите на земјите членки на ЕУ за на Босна и Херцеговина да ѝ се додели кандидатски статус, со што би се поттикнале реформи и исполнување неопходни услови пред отворање на преговорите за пристапување кон ЕУ. Турковиќ смета дека оживувањето на овој процес е од витално значење за граѓаните и за државата, како и за стабилизацијата на целиот регион. бд/зш/

Остани поврзан