• сабота, 28 декември 2024

Туркиш ерлајнс ги откажа летовите за Украина и неколку градови во Русија и Белорусија

Туркиш ерлајнс ги откажа летовите за Украина и неколку градови во Русија и Белорусија
Истанбул, 14 мај 2022 (МИА) - Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ денеска објави дека ги откажува летовите за Украина и неколку градови во Русија и Белорусија. Мерката важи до 30 јуни годинава. „Туркиш ерлајнс“ ги откажа летовите за Украина, руските градови Сочи, Ростов на Дон и Екатеринбург и белорускиот главен град Минск. Во соопштението на авиокомпанијата се наведува дека мерката е донесена во врска со тоа што Украина го затворила својот воздушен простор за цивилни летови поради руската инвазија. паг/  

Остани поврзан