• четврток, 26 декември 2024

Туристите во Тајланд може задолжителниот карантин да го минат на јахта

Туристите во Тајланд може задолжителниот карантин да го минат на јахта
Бангкок, 9 март 2021 (МИА) - За туристите во Тајланд, задолжителен е двонеделен карантин, но сега, тие може тие две недели да ги минат на јахта. Владата се надева дека оваа нова иницијатива ќе донесе приходи од туризмот со јахти, кој вообичаено носи 58 милиони долари приход. Овој потег е обид да „заживее“ туризмот во Тајланд, што претрпе тежок удар поради пандемијата на коронавирусот. Во јануари, земјата објави шема што им овозможува на туристите да го минат карантинот на терени за голф, па и јахтите се дел од таа стратегија. Програмата ќе им овозможи на туристите со негативни тестови, задолжителниот карантин да го минат на крстосувачки брод во тајландските води. Пријавувањето започна, а се очекува да се пријават вкупно околу 100 јахти за пробниот период. Туристите притоа ќе мора да носат и паметна нараквица која ќе ги следи нивната температура, крвен притисок и местоположбата. По забраната за странски туристи во март минатата година, Тајланд постепено почна да ги отвора своите граници во октомври. Минатата недела, Министерството за туризам предложи план за карантин на популарни туристички места, вклучително и одморалишта на плажа. Овој план ќе почне да се спроведува во април и мај во туристичките места Пукет, Краби и Чијанг Маи.  си/сд/

Остани поврзан