• недела, 24 ноември 2024

Тура низ Скопје инспирирана од книгата „Мистериозниот град под калето“

Тура низ Скопје инспирирана од книгата „Мистериозниот град под калето“
Скопје, 26 јули 2021 (МИА) - По повод 58 години од катастрофалниот скопски земјотрес, денеска ќе се одржи едукативна тура низ градот, насловена „Скопска авантура“. Настанот е инспириран од интерактивната книга за деца „Мистериозниот град под калето“ од авторката Александра Тодоровиќ.
Збирно место е пред Триумфалната капија, а потоа почнува обиколката низ градот. Предвидено е учесниците да се упатат на Кале, а потоа се оди во Мустафа-пашина џамија и црквата Св „Спас“.
-  За сè да биде позабавно, ни треба мал одмор во Старата скопска чаршија за да се напиеме лимонада и да пробаме од вкусните бонбони во најпознатата продавница за слатки. Па на ред ќе дојдат Чифте Амам и Сули ан, а во меѓувреме не само слатктите, туку и игрите чекаат на нас! Иако патуваме назад во годините – игрите си постоеле отсекогаш, соопштија организаторите.
„Мистериозниот град под калето“ е книга посветена на Скопје во периодот под османлиска власт. Станува збор за роман-авантура, базиран на концептот прашање и одговор, каде што самиот читател го одредува текот на настаните и дејството, преку избор на страницата што ќе се сврти. бт/лв/

Тагови

Остани поврзан