• недела, 17 ноември 2024

Тупанчески: Треба да се инвестира во интегритетот на судиите, платите се зголемуваат за 15 проценти

Тупанчески: Треба да се инвестира во интегритетот на судиите, платите се зголемуваат за 15 проценти
Скопје, 22 јуни 2022 Министерот за правда Никола Тупанчески во вечерашната емисија „Што не е јасно?“ се осврна и на корупцијата, борбата против криминалот, довербата во судството. Тоа според Тупанчески се процеси кои не можат да се искоренат преку ноќ затоа што се таложеле со години а проблемите не се решавале. „Јас сум министер речиси 5 месеци, во овој период  ги аналзираме причините што доведуваат до коруптивни односи и се обидуваме на некој начин да ги екстрахираме.  Веќе во владина процедура и собраниска постапка е пакетот закони за зголемување на платите на судиите. Морам да ви кажам дека бев изненаден од општата реакција што всушност значи 15% зголемување на платите на судиите и јавните обвинители. Затоа сметам дека треба од една страна да се вложи, да се инвестира во интегритетот на судијата што ќе придонесе кон зголемување  на перцепцијата, кон ефикасноста и ефективноста и на судството и на јавното обвинителство. Не смееме да генерализираме, меѓутоа фактот дека довербата во судството е едноцифрена говори дека состојбите инклинираат кон алармантно”,рече Тупанчески. Министерството за правда според Тупанчески  не е таа институција што треба да суди и обвинува, туку да создава оптимални услови за да може да се правораздава. Во однос на неодманешната акција во затворот Идризово, Тупанчески порача дека одговорност ќе има за сите инволвирани лица кои дозволиле во просторитте на осудените лица да се внесе оружје, мобилни телефони, психотропни супстанции.Институциите треба во најскоро време да го расчистат случајот. Министерот за правда Никола Тупанчески најави дека вакви акции ќе има и во другите затвори. Министерство за правда ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан