• вторник, 12 ноември 2024

Тупанчески - Стојменова Дух: Поддршка од Словенија во преговарачкиот процес со ЕУ

Тупанчески - Стојменова Дух: Поддршка од Словенија во преговарачкиот процес со ЕУ

Скопје, 22 септември 2022 (МИА) - Министерот за правда Никола Тупанчески во Љубљана се сретна со словенечката министерка без ресор задолжена за дититализација, Емилија Стојменова Дух.

Како што соопшти Министерството за правда, Стојменова, која по потекло е од нашата држава изрази подготвеност да ни помогне во процесот на реализација на дигитализацијата во судската и обвинителската дејност.

Министерот Тупанчески ја информираше Стојменова за дигитализацијата во нашиот судски систем, што ќе биде предизвик за отстранување на факторите кои доведуваат до криминал и корупција.

На средбата, како што се наведува, беше нагласена потребата од интероперабилност и поголемо дигитално поврзување на институциите.

Стојменова го пренесе искуството на Словенија во оваа област, нагласувајќи дека Центарот за информатика во Врховниот суд има голема улога во имплементацијата на целиот процес .

-Тупанчески и Стојменова-Дух се договорија да се интензивира соработката меѓу двете држави во пресрет на преговарачкиот процес со ЕУ, се вели во соопштението од Министерството за правда. мд/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан