• четврток, 26 декември 2024

Тупанчески: Она што го кажа Фон дер Лајен влева надеж дека сме на вистинскиот пат за реформите во правосудниот систем

Тупанчески: Она што го кажа Фон дер Лајен влева надеж дека сме на вистинскиот пат за реформите во правосудниот систем

Скопје, 27 октомври 2022 (МИА) - Министерот за правда Никола Тупанчески во синоќешното гостување во дебатната емисија 24 Анализа рече дека она што го кажа претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен на прес-конференцијата влева надеж, оптимизам дека сме на вистинскиот пат во однос на реформите во правосудството.

-Траекторијата по која се движиме во моментов е вистинската патека до која што треба да се стигне..Извештајот за напредокот во нашата држава е компломентарен и содржи повеќе сегменти. Посебно се апострофирани неколку прашања, едното од нив е правосудниот систем, вториот корпус на прашања се однесува на борбата против корупцијата, третиот корпус е борба против организиран криминал и четвртиот, тероризмот и насилниот екстеремизам. Значи сублимат или заедничка карактеристика на сите овие подрачја што ги спомнав е дека има умерено подобрување, рече Тупанчески.

Тој се осврна и на реформите во правосудниот систем кои според него не може да се случат преку ноќ, но сепак се интензивирани и се очекуваат конкретни резултати.

-Северна Македонија се наоѓа на 63 место од 140 држави според „Индексот на владеење на правото“ на вашингтонската невладина организација „World Justice Project“ што е за едно место подобро рангирана во споредба со минатата година кога бевме на 64 место, потенцира Тупанчески.

Тупанчески смета дека постојат начини и механизми како да се утврди потеклото на имотот.
Идејата за нов Закон за потекло на имот никогаш не била најавувана од страна на министрите за правда во изминативе години туку иницијално доаѓала од вицепремиерите за борба против корупцијата.
-Без оглед на статусот што го имате во општеството, секој треба да се одговара според она што  го направил. Неслучајно го спомнав Кривичниот законик што не е само за ЈО и за судот. Има и други институции кои што би требало да ја утврдуваат противправноста на имотот. Улога треба да има и Антикорупциска комисија. Кривичното дело 359а што се однесува на  противправно стекнување и прибарување имот, предвидува казна затвор од најмалку пет години затвор, рече Тупанчески во 24 Анализа во која  гостуваше и членот на ДКСК Владимир Георгиев. нд/

Остани поврзан