• сабота, 28 декември 2024

Тупанчески и Нухиу во работна посета на Албанија

Тупанчески и Нухиу во работна посета на Албанија
Скопје, 11 октомври 2022 (МИА) - Министерот за правда Никола Тупанчески и неговиот заменик Агим Нухиу денеска ќе престојуваат во работна посета на Тирана, соопштија од Министерство за правда. Од Министерството наведоа дека тие ќе остварат средби со министерот за правда на Албанија, Улси Мања и со претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција, Васил Стејроски. - Целта на посетата е почетокот на пристапните преговори за членство во ЕУ и реформите во правосудниот систем на двете држави, додадоа од Министерство за правда. см/сп/

Остани поврзан