• четврток, 26 декември 2024

Тупанчески: Европската пракса покажа дека закон може да биде проверен од Венецијанската комисија и по неговото донесување

Тупанчески: Европската пракса покажа дека закон може да биде проверен од Венецијанската комисија и по неговото донесување
Скопје, 9 ноември 2022 (МИА) - Министерот за правда Никола Тупанчески вели дека испраќањето на Законот за здруженија и фондации на мислење на Венецијанската комисија е од превентивни причини во однос на примената на  одредбите кои се изгласани во Собранието за да не дојде до несакани консеквенции кои во формална смисла би довеле до Европскиот суд за човекови права.

Европската пракса, како што рече тој, покажа дека закон може да биде проверен и по неговото донесување.

-Мислењето на Венецијанската комисија е добредојдено. Исходот не можеме да го прејудицираме. Можеби ќе оди во наш прилог. Факт е дека можеби добро би било оваа пракса да продолжи и во иднина, но тоа да биде пред донесувањето на законите, затоа што на некој начин е подобро да се реагира во таа фаза отколку кога ќе биде донесен законот, па после да добиеме пресуда од Европскиот суд за човекови права, изјави министерот Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања по учеството на семинарот посветен на спречување и казнување на корупцијата, како и за перспективите во Франција и Југоисточна Европа.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вчера во Софија на прес-конференција со бугарскиот колега, Николај Милков најави дека ќе и препорача на Владата по неодамна усвоените измени на Закон за здруженија и фондации, тој да биде испратен во Венецијанската комисија, со цел таа да утврди дали навистина во него има нешто спорно, како што тврди Софија. дма/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан