• среда, 27 ноември 2024

Тупанчески: АРМ е ценет и посакуван партнер на Алијансата во одбрана на мирот, безбедноста и демократијата

Тупанчески: АРМ е ценет и посакуван партнер на Алијансата во одбрана на мирот, безбедноста и демократијата
Скопје, 18 август 2022 (МИА) - Во изминатите 30 години изградивме добро обучена, моќна и силно почитувана Армија, која беше извор на безбедност и стабилност, како во државата така и во регионални и во светски рамки, напиша на Фејсбук министерот за правда Никола Тупанчески по повод 18 август – Денот на АРМ.
Како важен столб на нашата независност, Армијата како што посочува Тупанчески, ја отсликува реалната структура на македонското општество чувајќи ја нашата безбедност и безбедноста на нашите најблиски.
-Со својата реформска посветеност, професионализам во извршувањето на одговорните задачи и постигнатите резултати во мировните мисии, АРМ е ценет и посакуван партнер на Алијансата во одбрана на големите вредности-мирот, безбедноста и демократијата. Ваквите резултати не се случајни, ниту пак стекнати преку ноќ. За нив беа потребни долги години посветена работа, голем влог и визија на офицерите,старешините и генералите за што ја изразуваме наштата благодарност и огромна почит, напиша министерот Тупанчески. дма/

Остани поврзан