• вторник, 12 ноември 2024

Тунтев поднесе оставка од директорската функција во АЦВ, се враќа на работа во ТАВ Македонија

Тунтев поднесе оставка од директорската функција во АЦВ, се враќа на работа во ТАВ Македонија

Скопје, 1 јуни 2024 (МИА) - Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) Томислав Тунтев поднел оставка од функцијата од лични причини, а Управниот одбор на АЦВ веќе ја констатирал неговата оставка и донел одлука за разрешување од функцијата директор.

Оставката, како што информира, ја поднел на 27 мај, а Управниот одбор на АЦВ ја констатирал на седница на 30 мај.

Тунтев беше директор на АЦВ од 2019 година, а сега се враќа на работа во ТАВ Македонија, каде досега му мируваше работниот однос.

-Согласно Законот за воздухопловство во наредните два месеца до распишување на конкурс за изор на нов директор, за вршител на должност директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство од редот на вработеите е именуван Драги Стојановски,  долгогодишен раководител на Секторот за воздушен сообраќај во Агенцијата, информираа за МИА од АЦВ.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан