• среда, 13 ноември 2024

Тунберг казнета поради непочитување полициска наредба

Тунберг казнета поради непочитување полициска наредба

Стокхолм, 24 јули 2023 (МИА) - Шведската еко активистка Грета Тунберг е прогласена за виновна за непочитување на полициска наредба да го напушти протестот во јужниот град Малме на 19 јуни и е казнета поради инцидентот.

Тунберг призна дека учествувала на протестот и не ја послушала полициската наредба, но се изјасни за невина и рече дека нејзините постапки биле оправдани.

„Моите постапки можат да бидат оправдани“, рече Тунберг во судот.

„Сметам дека сме во вонредна состојба која ги загрозува нашите животи, здравје и имот. Безброј луѓе и заедници се изложени на ризик и на краток и на долг рок“, додаде таа.

Казната ќе се заснова врз основа на приходите на Тунберг, а се уште не е јасно колку точно ќе треба да плати.

Тунберг беше дел од групата демонстранти кои го блокираа патот за камиони со нафта до складиштето во Малме. Против неа е поднесена кривична пријава откако не ја исполнила полициската наредба да го напушти местото на настанот. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан