• петок, 27 декември 2024

Тулуз: Приведена жена поради транспарент на кој пишува „Макронавирус“

Тулуз: Приведена жена поради транспарент на кој пишува „Макронавирус“
Париз, 24 април 2020 (МИА) – Млада жена вчера помина четири часа во полициски притвор поради обвинение за „навреда“, откако пред нејзиниот дом поставила транспарент на кој пишува. „Макронавирус, кога е крајот?“, јави дописникот на МИА. Овој случај доаѓа по неколку други случаи од почетокот на април, кога полицијата изврши повеќе контроли во Париз, Марсеј и Каен, кај станарите кои на нивните куќи или тераси истакнале транспаренти со политички пораки, пренесува интернет порталот за информации „Медијапарт“. Во Тулуз, полицијата интервенираше на 21 април во павилјон, чиј ѕид беше покриен со транспарент „Макронавирус“, повторувајќи ја легендата за карикатурата објавена во јануари од страна на Шарли Ебдо, нагласи адвокатката Клер Дижардан и партијата – Нова антикапиталистичка партија. Станарите на куќата се согласија со барањето на полицијата да го отстранат транспарентот, но полицијата се врати следниот ден кај еден од станарите кој се согласи да го открие својот идентитет. Жената помина четири часа во полициски притвор под обвинение за „навреда “, по што е ослободена без да биде веднаш покрената постапка против неа, истакна Дижардан. - Делото не е направено, повеќе се работи за „разузнавачки информации на политичката полиција“ во „контекст кога веќе не може да се протестира, изјави адвокатот. Нова антикапиталистичка партија од своја страна смета дека ова е „сериозен случај на доведување во прашање на слободата на изразување“, во иницијатива поддржана особено од локалните оддели на ЦЖТ, Комунистичката партија, Партијата на еколозите и Лигата за човекови права. Извор од полицијата, исто така, потврди дека во Париз, како што посочи „Медијапарт“, полицијата интервенирала на 14 април кај двојка поради транспарент „Макрон те чекаме на излезот“, за кој се смета дека содржел „нешто заканувачко за шефот на државата “. - Имаше дискусија. Немаше казнување и транспарентот е отстранет, рече изворот. „Медијапарт“ известува и за пет полициски интервенции во Марсеј - од кои две биле потврдени од префектурата - и испраќање на две покани, во врска со транспарент „Дали сакате да знаете дали имате корона? Плукни врз буржујка и чекај ги нејзините резултати“. Во Каен, пак, општинската полиција интервенирала кај жители, со кои е само разговарано и не било побарано да се отстрани нивниот транспарент. тг/

Остани поврзан