• среда, 25 декември 2024

Трчај Бе: Професионалци и рекреативци ја трчаа Битола која се развива во спортска туристичка дестинација

Трчај Бе: Професионалци и рекреативци ја трчаа Битола која се развива во спортска туристичка дестинација
Битола, 5 септември 2022 (МИА) - Најмасовниот спортски настан, кој по четврт пат ја става Битола на мапата на градови со трки, синоќа се одржа пред бројна публика која од раните утрински часови на патеките ги бодреше 1.500 учесници, од дури 17 држави. Атлетски ѕвезди, пасионирани рекреативци, јавни личности, политичари, компаниски тимови, а трчаа заедно и цели семејства и поединци кои одлучија да ги истрчаат битолските улици, па преку Широк Сокак да влезат во целта со своите миленици. Ако минатата година, градот домаќин беше балканска метропола на трчањето, заради одржувањето на Балканското првенство во полумаратон, од оваа може да се каже дека развива настан кој брзо може да стане спортска туристичка дестинација, од пошироки размери, на која годинава зедоа учество бројни тимови на меѓународни компании, кои токму овој настан го избраа за викенд тим билдинг активности. - Уште кога ја планиравме првата ТРЧАЈ БЕ, пред повеќе од четири години најголемиот предизвик ни беше, како да направиме трка од која сите ќе бидат задоволни. Започнувајќи од професионалните и рекреативни тркачи, до публиката и спонзорите. Од првата година учесниците се среќни, тоа е факт, но растот на трката буди сериозен интерес кај спонзорите што зборува за потенцијалите за раст на настанот. Во градот немаше нити едно слободно место во хотелите, угостителите имаа исто за овој период од годината зголемена фреквенција. Неколку илјадна публика, специјално излезена низ улиците и кафулињата во градот за да ги бодри тркачите, од раните утрински часови  и оваа година е најубавиот знак дека сме го направиле вистинскиот потег. Градот Битола, го сака ТРЧАЈ БЕ, истакна Никола Димитровски, директор на трката. Годинава, 21К трката беше селектирана од Атлетската федерација на Македонија да биде Национално првенство. Покрај во полумаратон, учесниците трчаа и на пет и десет километри, учествуваа врвни атлетичари, рекреативци и вљубеници во трачањето, а најдобрите добија награди во фонд вреден 5.000 евра. Пласман на најдобрите: Национално првенство во полумаратон: Жени 1. Тамара Јолевска Попов 01:36:21 2. Весна Кираџиева 01:42:10 3. Жената Богатиновска Илиева 01:42:22 Мажи: 1. Дарио Ивановски 01:07:56 2. Жан Тосев 01:16:37 3. Мартин Трајановски 01:16:53 Трчај Бе 21к Жени: 1. Миљана Ристиќ 01:28:07 2. Тамара Јолевска Попов 01:36:21 3. Весна Кираџиева 01:42:10 Мажи: 1. Дарио Ивановски 01:07:56 2. Tirron Mamusha 01:13:47 3.Жан Тосев 01:16:37 Трчај Бе 10к Жени: 1. Адријана Поп Арсова 35:51 2. Душица Јанковиќ 44:11 3. Билјана Сивева 44:26 Мажи: 1. Иван Пешовски 33:30 2. Димитар Петровски 34:50 3. Миле Иванов 34:58 Трчај Бе 5к Жени: 1. Николина Милевска Велјановска 20:24 2. Јана Стефановска 20:59 3. Радмила Јованова 21:05 Мажи: 1. Атанас Епов 16:06 2. Кристијан Наумовски 16:24 3. Григоријан Никовски 16:30 Беа доделени пехари и дипломи за екипи, признанија по возрасни групи, беа наградени најмладиот и највозрасниот учесник, а посебни награди добија и најбрзиот битолчанец и најбрзата битолчанка. зс/

Остани поврзан