• сабота, 27 јули 2024

Тројца убиени во престрелка на Флорида, една од жртвите е дете

Тројца убиени во престрелка на Флорида, една од жртвите е дете
Мајами, 10 јуни 2021 (МИА) - Три лица, меѓу кои и едно дете, беа застрелани денеска во еден маркет на Флорида. Нападот се случил во маркетот Пабликс во Ројал Палм Бич, 130 километри северно од Мајами, соопшти полицијата. - По пристигнувањето, полицијата пронајде три лица кои починале од прострелни рани - еден повозрасен маж, повозрасна жена и дете. Меѓу жртвите е и напаѓачот, соопшти канцеларијата на шерифот во округот Палм Бич. Засега не е позната причината за нападот. Ова е уште еден оружен инцидент во јужниот дел на Флорида во последните неколку денови. гт/

Остани поврзан