• четврток, 26 декември 2024

Тројца уапсени поради уривање на жичарницата во северна Италија

Тројца уапсени поради уривање на жичарницата во северна Италија
Рим, 26 мај 2021 (МИА) - Италијанската полиција уапси три лица под сомнение дека се виновни за уривање на жичарницата во близина на езерото Маџоре. Во несреќата во неделата загинаа 14 лица, а единствениот преживеан е петгодишно момче, кое е во болница и се уште е во животна опасност. Истрагата покажа дека кабината била неисправна на почетокот на мај и дека директорите се јавиле во компанијата што требало да го поправи дефектот на безбедносната сопирачка. Дефектот, сепак, не бил отстранет, а кабината е оставена да функционира со надеж дека главниот, потпорен кабел нема да пукне и дека нема да има потреба од безбедносна сопирачка. По 12-часовно испрашување, уапсен е сопственикот на компанијата што управувала со жичарницата, како и извршниот и техничкиот директор. Според полицијата, истрагата продолжува, а можно е да бидат приведени и други луѓе. ми/

Остани поврзан