• сабота, 23 ноември 2024

Тројца руски војници и припадници на турските сили повредени во експлозија во Идлиб

Тројца руски војници и припадници на турските сили повредени во експлозија во Идлиб

Идлиб, 14 јули 2020 (МИА) - Тројца руски војници и неколку припадници на турските сили се повредени во експлозија на бомба поставена покрај патот во зоната на деескалација во сириската провинција Идлиб. Во соопштението на руското Министерство за одбрана се наведува дека бомбата била поставена во близина на заедничката руско-турска патрола од страна на сириските милитанти. Русија по експлозијата ја повлече својата патрола назад во базата. Едно руско и едно турско борбено возило се оштетени во нападот во близина на градот Арих. паг/
 

Остани поврзан