• вторник, 24 декември 2024

Тројца полицајци се повредени на протест во Париз против полициското насилство

Тројца полицајци се повредени на протест во Париз против полициското насилство

Париз, 23 септември 2023 (МИА) - Тројца полицајци се повредени денеска кога учесниците на протестот во Париз против полициското насилство го нападнале нивното возило, јави телевизијата БФМТВ.

Шефот на париската полиција Лоран Нуњез на социјалната платформа Икс (Твитер) изјави дека се приведени три лица.

Францускиот министер Жералд Дарманен го оцени инцидентот како „неприфатливо насилство“.

Протести против полициското насилство се одржаа и во уште неколку други градови во Франција. 

Во Париз толпата извикуваше „Полиција насекаде, правда никаде“, „Нема правда, нема мир“ и „Правда за Нахел“, тинејџерот убиен на 27 јуни во близина на Париз за време на рутинска сообраќајна контрола на пат. Неговата смрт предизвика бран немири во земјата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан