• недела, 28 јули 2024

Тројца повредени од кои еден потешко во судир на три возила на патот Штип - Делчево

Тројца повредени од кои еден потешко во судир на три возила на патот Штип - Делчево
Скопје, 2 октомври 2022 (МИА) - Три лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа синоќа во 23:55 часот на магистралниот пат Штип - Делчево помеѓу три патнички моторни возила „голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.М.(34) од с.Облешево, „тигуан“ со кочански регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(27) од с.Мојанци и „ауди А4“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(34) од Виница. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило „голф“ М.М., а сопатниците во патничкото моторно возило „тигуан“ С.Ј.(51) и Ж.Ј.(47) и двајцата од с. Мојанци се здобиле со телесни повреди, констатирани од лекар во Општата болница-Кочани, наведуваат од МВР. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР-Кочани. вг/ Фото: МИА Архива  

Остани поврзан