• четврток, 26 декември 2024

Тројца Македонци на Европската зимска младинска олимпијада

Тројца Македонци на Европската зимска младинска олимпијада
Скопје, 7 март 2022 (МИА) – Тројца македонски претставници во три дисциплини во машка и женска конкуренција ќе настапат на Европскиот зимски младински олимписки фестивал, што од 20 до 25 март ќе се одржи во финскиот зимски центар Вуокати. Македонскиот тим ќе го сочинуваат Мирко Лазаревски во алпско скијање,  Михаела Даноска во крос кантри/биатлон и Јана Куковска во уметничко лизгање, сите тројца стипендисти на Македонскиот олимписки комитет (МОК). -Од Лазаревски и Даноска се очекува висок спортски резултат во Финска, додека Куковска е голем спортски потенцијал во уметничко лизгање од кој се очекува да го пружи своето најдобро во пресрет на следните зимски Олимписки игри Милано – Кортина 2026, наведе МОК ег/свс/

Остани поврзан