• четврток, 19 декември 2024

Тројца македонски таеквондисти, како и ракометарките ги завршија настапите на МИ 2022

Тројца македонски таеквондисти, како и ракометарките ги завршија настапите на МИ 2022
Оран, 4 јули 2022 (МИА) - Тројца македонски таеквондисти, како и македонската женска ракометна репрезентација, денес ги завршија настапите на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Анамарија Георгиевска избори пласман во четвртфиналето по победата над Зорана Сандиќ од Босна и Херцеговина во 1. коло, но во борбата за пласман во полуфиналето загуби од Матеа Јелиќ од Хрватска со 28:2. Марко Аврамовски во категорија до 58 килограми загуби од Алжирецот Саиди Атуи со 34:14, додека Филип Додевски во категорија до 80 килограми беше поразен во првиот настап од Турчинот Хусеин Картал со 24:13. На турнирот за ракометарки, „црвено-жолтите“ во дуелот за 7. место ја победија домашната селекција на Алжир со 31:23. зс/

Остани поврзан