• среда, 25 декември 2024

Тројца загинати, 12 исчезнати во поплавите во источна Кина

Тројца загинати, 12 исчезнати во поплавите во источна Кина
Пекинг, 27 јуни 2020 (МИА) - Три лица загинаа, а 12 се исчезнати во невремето што синоќа ја зафати југозападна Кина, соопштија кинеските власти. Како што пренесуваат странските агенции, во областа Мијанинг во провинцијата Сичуан, две лица загинале кога две возила паднале во река, а три лица се водат како исчезнати. Во една населба од истата област, уште едно лице го загуби животот за време на невремето, а на група од деветмина жители на таа населба  и се губи секоја трага, соопштија надлежните, кои евакуираа околу 7.500 луѓе како резултат на природната непогода. Повеќе од 20 луѓе ги загубија животите во јужна Кина за време на годинашните сезонски дождови, кои предизвикуваат поплави и излевање на реките. паг/

Остани поврзан