• петок, 27 декември 2024

Тројца доктори во Белгија ослободени од обвинение за евтаназија

Тројца доктори во Белгија ослободени од обвинение за евтаназија
Брисел, 31 јануари 2020 (МИА) - Судот во Белгија ослободи тројца лекари обвинети за убиство со труење во случајот што се смета за клучен тест за белгиските закони за евтаназија. - Ова е такво олеснување, рече психијатарот Лив Тиенпонт, еден од лекарите ослободен од обвинението. Лекарите учествувале во евтаназија над 38-годишната ментално болна пациентка Тина Ниш, која почина во 2010 година. Нејзиното семејство ги обвини лекарите дека евтаназијата не требала да се случи и дека менталната состојба на пациентката не била безнадежна, туку дека лекувањето било сè уште можно. Ниш имала психички проблеми подолг период и неколку пати се обидела да се самоубие. Белгија е една од ретките земји што им овозможува на лекарите да усмртат пациенти на нивно барање и една од двете што дозволува евтаназија за лица со ментални заболувања. Од околу 2.000 случаи на евтаназија годишно во Белгија, многу малку се дозволени во случај на психијатриско заболување. паг/

Остани поврзан