• четврток, 19 декември 2024

Тројца добитници на награда за животно дело за 3 ноември - празникот на Прилеп

Тројца добитници на награда за животно дело за 3 ноември - празникот на Прилеп

Прилеп, 25 декември 2023 (МИА) - За денот на градот, 3 ноември, Општина Прилеп ја додели наградата за животно дело на тројца добитници, академик д-р Валентин Мирчески, за особен придонес во природноматематичките и биотехничките науки, на примариус, специјалист д-р Благоја Дамески за особен придонес во медицината и општественото живеење и на Диме Попоски за посебниот придонес во музиката, режијата и во филмот.

На денешната прес-конференција, Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при советот на Општината, ги соопшти и добитниците на плакети и дипломи за празникот на градот.

Третоноемвриска плакета доби групата „The Hounds“, која има 15 години улога во развојот на субкултурата во државава, компанијата „Гентерм“ во индустриската зона како општествено одговорна компанија, младинската екипа на фудбалскиот клуб „Победа“ за афирмација на спортот во Европа, територијалната противпожарна единица „Технобен нова Прилеп“, слаткарницата „Шар“, приватната здравствена установа „Медика, д-р Пецко Десоски“, група верни пријатели на манастирот Трескавец, како и пчеларското дружение „Братство“ кое одбележува 70-годишен јубилеј.

Комисијата им доделува третоноемвриски дипломи на шестмина поединци, Петар Мирчески кој освои бронзен медал на хемиска олимпијада, Наде Караџоска за истражувачката дејност во сите области на библиотекарството, Теодора Димеска, репрезентативец на Македонија во џудо, Татјана Иваноска за посветено работење со млади уметници, на Хари Сековски како хуманитарец од дијаспората и на Елизабета Настеска за совесно работење во службата.

Наградите на добитниците ќе им бидат доделени на 3 ноември, на свечена седница на прилепскиот совет. ем/ра/

Фото: 

Остани поврзан