• четврток, 28 ноември 2024

Тројца амбасадори ќе ги претстават платформите пред собраниската Комисија за надворешна политика

Тројца амбасадори ќе ги претстават платформите пред собраниската Комисија за надворешна политика

Скопје, 2 март 2023 (МИА) - Собраниската Комисија за надворешна политика  денеска ќе одржи седница на која тројцата новоименувани амбасадори на земјава за Словенија, Шпанија и Швајцарија ќе ги претстават платформите за нивната дипломатска активност.

Како што информира собраниската прес-служба, пред Комисијата ќе се претстават Горан Милевски, кој е именуван за амбасадор во Словенија, Едмонд Адеми во Шпанија и Реџеп Демири во Швајцарија.

На дневен ред на седницата на оваа собраниска Комисија се уште две точки - Предлог на законот за ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Украина и Предлог на законот за ратификација на Протоколот 16 кон Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи. фф/сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан