• четврток, 26 декември 2024

Тројца албански државјани и стружанец вршеле нелегелна сеча на дрвја во Дебрца

Тројца албански државјани и стружанец вршеле нелегелна сеча на дрвја во Дебрца
Охрид, 27 мај 2021 (МИА) – Полицијата поднесе кривични пријави за четири лица, од кои тројца албански државјани, за сторено кривично дело „пустошење шуми“ и „кражба“. Станува збор за С.М.(48) од струшкото село Мислодежда, инаку директор на правно лице од Струга, како и против албанските државјани В.Л.(35), Б.Т.(35), и А.Т.(26). Според СВР – Охрид, пријавениот С.М. неовластено ги ангажирал албанските државјани за сеча на дрва за која немал одобрение од надлежен орган. Лицата биле затекнати во нелегална сеча во шумски појас во атарот на селото Песочан, во Општина Дебарца, при што биле приведени од страна на полициските службеници. Според записникот, од почетокот на оваа година посочените опустошиле 1147 метри кубни буково, дабово и индустриско дрво, со што на Јавното претпријатие „Национални шуми“ и на Шумското стопанство „Галичица“-Охрид нанеле материјална штета од околу два милиони денари. аб/фф/ Фото: МИА Архива

Остани поврзан