• четврток, 26 декември 2024

Тркалезна маса за финансирање инфраструктурни инвестиции за одржлив локален развој (во живо)

Тркалезна маса за финансирање инфраструктурни инвестиции за одржлив локален развој (во живо)
Скопје, 3 ноември 2021 (МИА) - Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи учествува на „Тркалезната маса за финансирање инфраструктурни инвестиции за одржлив локален развој и економско закрепнување“. Тркалезната маса ја организираат Канцеларијата на Развојната програма на Обединетите Нации (УНДП) и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка. Предвидени се обраќања на вицепремиерот Битиќи, шведската амбасадорка во земјава Кристин Форсгрен Бенгтсон и постојаниот претставник на УНДП во Скопје, Армен Григорјан.

Остани поврзан