• недела, 24 ноември 2024

Тркалезна маса за регионална размена и зајакнување на отпорноста на работниците во регионот во областа на трудовата експлоатација

Тркалезна маса за регионална размена и зајакнување на отпорноста на работниците во регионот во областа на трудовата експлоатација

Скопје, 28 април 2023

Во очи на 1 мај, Меѓународниот ден на трудот, Македонското здружение на млади правници (МЗМП) спроведe настан за споделување и размена на регионални искуства од Западен Балкан за ризиците од појава на трудова експлоатација, вклучувајќи ја правната регулираност и улогата на главните актери во процесот на идентификација на жртви на трговијасо луѓе, предизвиците при идентификација на жртви на трговија со луѓе, добри практики за поефикасна идентификација на жртви на трговија со луѓе, како и заклучоци и препораки за подобрување на постоечката законска рамка.

На настанот присуствуваа претставници на канцелариите на координаторите за борба против трговија со луѓе и државните трудови инспекторати од Западен Балкан.

На настанот се дискутираше за правната регулираност и улогата на главните актери во процесот на идентификација на жртви на трговија со луѓе, предизвиците при идентификација на жртви на трговија со луѓе и споделување на добри практики за поефикасна идентификација на жртви на трговија со луѓе.

Учесниците ја презентираа актуелната состојба на трудовата експлоатација, профилот на жртвата, системот за идентификација, законската регулираност и координацијата и соработката на Западен Балкан и се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат државите.

Од дискусијата произлегоа заклучоци според кои ќе се изработи и документ за јавни политики. Клучна поента е дека трговијата со луѓе општо, но особено трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација менува форми и облици и многу често не е навремено препознаена. Поради тоа мора да се работи на подигнување на јавната свест и да се прави контиунирана обука на вработените кои се вклучени во борбата против трговија со луѓе.

Регионалната соработка и размената на алатките и добри практики е нешто што треба да биде редовен начин на комуникација и функционирање. Постои потреба од обука за сензибилизирање на оние кои во прв ред се среќаваат со потенцијалните жртви како: униформираната полиција, здравствените работници, учителите итн.

Соработката помеѓу Инспекторатите за труд и Полицијата е клучна и само со мултидисциплинарен пристап може да се очекува постигнување на резултати. Конечно, се истакна дека со борбата против трговија со луѓе паралелно мора да продолжи и борбата против корупцијата на Западен Балкан, земајќи предвид дека трговијата со луѓе е организиран криминал.

Настанот беше поддржан од Регионалниот проект за спречување и борба против трговијата со луѓе (PaCT) по налог на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ) имплементиран од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) во партнерство со Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци(МАРРИ).

 

Македонското здружение на млади правници

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан