• четврток, 26 декември 2024

Тркалезна маса за проблемот со напуштените мрежи во Охридското Езеро

Тркалезна маса за проблемот со напуштените мрежи во Охридското Езеро

Охрид, 2 октомври 2023 (МИА) – Јавната научна установа „Хидробиолошки завод“ од Охрид и „Healthy Seas“ во петок ќе ја организирааат тркалезната маса посветена на проблемот со т.н. „мрежи духови“ што е еден од предизвиците со кој се соочува еко-системот на Охридското Езеро.

На собирот ќе бидат претставени резултатите од пилот-проектот за регистрирање и отстранување на напуштените, изгубени и на друг начин оставени рибарски мрежи – „мрежи духови“ во водите на Охридското Езеро, спроведен со цел детекција на повторна акумулација на рибарски мрежи на одредени локалитети во езерото, и тоа на места одредени како природни рибни плодишта на ендемичната охридска пастрмка, како и одредување на динамика за нивно отстранување во наредниот период.

На тркалезната маса предвидно е обраќања да имаат Бен Оортвијн и Кристина Виегерс од „Healthy Seas“, директорката на „Хидробиолошкиот завод“, Орхидеја Тасевска, Виолета Михајлоска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Во стручниот дел од расправата за проблемот ќе зборуваат и Вероника Микос, директор на „Healthy Seas“, Душица Илиќ-Боева од ЈНУ „Хидробиолошки завод“ од Охрид, Јован Секулоски од Нуркачкиот Центар „Амфора“ и Паскал ван Ерп, основач на „Ghost Diving Foundation“, најголемата и најискусна глобална нуркачка организација фокусирана на феноменот „мрежи духови“ со искуство во широк спектар на земји и меѓународни води.

Тркалезната маса ќе се одржи во салата за состаноци на Општина Охрид со почеток во 10 часот. аб/цр

фото/МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан