• вторник, 12 ноември 2024

Тркалезна маса за образование за ментално здравје

Тркалезна маса за образование за ментално здравје

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Во организација на Здружението на граѓани „Младите можат“ денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса за образование за ментално здравје, на која ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Најавено е обраќање и на заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, како и на претставници од младинскиот сектор, експертски организации и меѓународни организации.

На настанот ќе биде претставен и документот за јавни политики „Твоја приказна, наша поддршка! - Училишта кои се грижат за менталното здравје на учениците“. 

Од Здружението велат дека во изминатите седум години работат на полето на промоција на ментално здравје и благосостојба кај младите. Во фокусот последните години е унапредување на состојбите во рамки на образовниот систем поврзани со пристапите и методологијата на работи во ова поле.

-Од учебната 2024/2025 со поддршка на Фондација за демократија на Вестминстер започнуваме процес на застапување за инкорпорирање на
менталното здравје во рамки на образовните програми во средното образование и ја лансиравме кампањата „Твоја приказна, наша поддршка!“ која го адресира истото прашање пред општата јавност, информираат од  Здружението на граѓани „Младите можат“ . дма/мд/

 

.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан