Тркалезна маса за измени на Законот за Судски совет
- Судии од гостиварското апелациско подрачје денеска во Основниот суд во Гостивар на тркалезна маса даваа предлози и дискутираа за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет.
Гостивар, 12 декември 2024 (МИА) - Судии од гостиварското апелациско подрачје денеска во Основниот суд во Гостивар на тркалезна маса даваа предлози и дискутираа за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет.
Ова е четврта од серијата јавни дебати кои ги организира Министерството за правда во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.
На почетокот на дебатата беше кажано дека организирањето на стручни расправи, чија цел е подготовка на измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет за адресирање на препораките од Оценската мисија, преку транспарентен и инклузивен процес. Ваквиот пристап треба да придонесе за унапредување на законската рамка која го уредува работењето на ова тело.
Донесувањето на Закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет е дел од активностите и на клучните стратегиски документи: Планот за раст и на Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година. Изнесените сугестии, мислења, забелешки и предлози на одржаните јавни расправи ќе бидат исклучително важни при дефинирањето на финалното законско решение кое особено ги тангира судиите.
Ваква расправа наскоро ќе се организира и во Скопје. згм/мд/
Фото: МИА