• вторник, 24 декември 2024

Три сценарија за изборната ноќ во САД

Три сценарија за изборната ноќ во САД
Вашингтон, 3 ноември 2020 (МИА) - САД денеска избираат претседател на државата. Но дали тоа ќе биде републиканецот Доналд Трамп или демократот Џо Бајден можно е да се дознае денови, па дури и недели подоцна. Аксиос наведува три можни сценарија: 1) Брза победа: Оваа би се случило само ако Џо Бајден вечерва оствари убедлива победа на Флорида - или евентуално неочекувана победа во голема држава како Тексас или комбинација на помали држави. Доколку тоа се случи, а маргините беа доволно јасни дека државите може да бидат за Бајден, тогаш нема шанса за претседателот Трамп да освои 270 електроски гласови, неопходни за мнозинското од Изборниот колеџ. Помалку е веројатно дека има држава што Трамп би можел да ја добие рано, барем според најновите трендови во анкетите, што би го завршила патот на Бајден исто толку ефикасно 2) Изборна недела: Ова е сценарио ако има доволно држави каде резултатите на двајцата кандидати се толку блиску што не можат да се соопштат вечерва - но може да се утврдат утре, или евентуално до крајот на неделата. Според ова сценарио, историската лавина од гласачки ливчиња може да стане поважна - особено во држава како Пенсилванија, каде можно е да не се знаат резултатите барем до петок. Но, исто така е можно дека ќе знаеме доволно за трендовите во големите држави како Флорида, Висконсин и Мичиген, што би дало идеја да се насети кон каде се движат резултатите. Друго сценарио би можело да биде, спротивно на резултатите од анкетите за изборната ноќ, дека не само што Трамп ќе ги задржи државите што ги освои во 2016 година, туку исто така ќе победи во уште една или повеќе други мали држави. Дури и ако е прерано да се прогласи победа, тоа може да го пренасочи разговорот околу моментумот и очекувањата 3) Ќор-сокак: ова е сценариото од кошмарите - каде резултатите се толку блиску во Пенсилванија или други држави што судските процеси можат да сопрат сè. Во ова сценарио, адвокатите на кампањата Трамп најверојатно ќе ги оспорат гласачките ливчиња што пристигнуваат по Денот на изборите и ќе тврдат дека не треба да се бројат, иако датумот на испраќање е до денот на избори. Тоа може да оди до Врховниот суд, каде сојузниците на Трамп имаат добри шанси со оглед на дополнителната доминација на конзервативците во судот по потврдата на Ејми Кони Барет за врховен судија. Тие, исто така, би се бореле против сите обиди на демократите да ги задржат гласачките места подолго отворени денеска и да се борат за пристап за преглед на пребројувањето на гласачките ливчиња. Демократските адвокати се подготвени да одговорат на какви било правни предизвици на републиканците, и тие исто така се подготвени да поднесат тужба за да ги задржат отворените избирачки места, посочува Аксиос. Според ова сценарио, би можело да поминат неколку недели пред да го знаеме исходот од претседателските избори во САД. ссм/

Остани поврзан