• недела, 24 ноември 2024

Три стана и една гаража одземени од Сашо Мијалков ставени на продажба

Три стана и една гаража одземени од Сашо Мијалков ставени на продажба

Скопје, 9 ноември 2023 (МИА) - Три стана и една гаража на ул.„Славејко Арсов“ во Скопје, во сопственост на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков се објавени за проджба од страна на Агенцијата за управување со одземен имот.

-Со денешната објава за продажба на четири недвижности од страна на Агенцијата за управување со одземен имот, а со претходно донесена Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, продолжува враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, информираат од Агенцијата за управување со одземен имот.

Станува збор за три стана кои што се наоѓаат на ул.„Славејко Арсов“, еден од 78м2, два од  73м2 и една гаража од 30м2 на КО Центар 2, одземени со правосилна пресуда I KOK-ПП.бр.283/2022 од Основен кривичен суд Скопје.

Со продажбата на овие четири недвижности во буџетот на државата ќе се уплатат средства во висина од 20.316.663 денари или 330.350 евра.

Агенцијата за управување со одземен имот во септември продаде вкупно три одземени недвижности од Мијалков, согласно правосилната пресуда за случајот „Империја“.

Во случајот „Империја“, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинтелството, а казната беше три години затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот Мериот. дма/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан