• сабота, 28 декември 2024

Три нуркачки тима ја продолжуваат потрагата по 30-годишното лице во водите на браната Глажња

Три нуркачки тима ја продолжуваат потрагата по 30-годишното лице во водите на браната Глажња

Куманово, 31 јули 2023 (МИА) - Продолжува потрагата во езерото Глажња по 30-годишното лице од липковското село Никуштак кое вчера влезе во водите на браната и не излезе.

Од Центарот за управување со кризи денеска информираа дека три нуркачки тима на специјалната антитерористичка единица „Тигар“ за кратко ќе ја продолжат потрагата по лицето кое вчера исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во липковско.

МВР денеска соопшти дека вчера во 14: 00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на браната Глажња, Ф.Р.(30) од село Никуштак влегол во водите од браната и не излегол.

- Ангажирани биле спасувачки екипи и сè уште се трага по Ф.Р., соопшти МВР.

Од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, во денешниот билтен информираат дека на бројот 112 добиле пријава  за исчезнато лице кое влегло да се капе во вештачкото езеро браната Глажња на оддалеченост од 1, 5 километри околу 13:50 часот. Полицајците од Полициска Станица Матејче биле ангажирани за физичко обезбедување на местото на настанот. Преку СВР Куманово вчера била  повикана нуркачка екипа на МВР. ам/дма/

Фото:ЦУК

Остани поврзан