• четврток, 26 декември 2024

Три месеци од масакрот во селата околу Младеновац, запалена куќата на убиецот

Три месеци од масакрот во селата околу Младеновац, запалена куќата на убиецот

Белград, 4 август 2023 (МИА)- Куќата во која живеел Урош Блажиќ, убиецот од Младеновац, точно три месеци по масакрот целосно изгоре во пожар. Причината за пожарот засега не е позната, полицијата го истражува случајот, а јавноста веднаш почна да шпекулира дека пожарот е подметнат. Блажиќ уби девет млади луѓе во Дубона и Мали Орашје, а по апсењето во оваа куќа беше пронајден цел арсенал оружје, јави дописникот на МИА од Белград.

Ноќта меѓу 1 и 2 август бил пријавен пожар во викенд куќа сопственост на Радиша Блажиќ, таткото на убиецот од Младеновац, соопшти белградски Блиц.

Урош Блажиќ живеел таму пред масакрот. По неговото апсење на 5 мај, полицијата ја опколила оваа куќа и ја пребарувала со часови. Пронајден е арсенал оружје, и одземена е поголемо количество муниција и оружје.

Денеска, точно три месеци по злосторството што ја потресе цела Србија, од оваа куќа останаа само ѕидовите. Покривот е целосно опожарен, пожарот брзо се проширил, а куќата е целосно уништена.

Основното јавно обвинителство во Младеновац нареди истрага за причините за пожарот. Она што претставува голема „случајност“, за која шпекулираат и мештаните, е тоа што куќата изгорела точно три месеци по масакрот.

Исто така, никој немало ниту живеел во неа, па не се знае што би можело да го предизвика пожарот.

Според Блиц, мештаните не знаат што го предизвикало пожарот, како што велат „можеби е божја казна, а можеби мајката на Блажиќ заборавила нешто да изгасне“.

Жителите на селата Дубона и Мало Орашје, каде Блажиќ сееше смрт на 4 мај, се огорчени на целото семејство Блажиќ и бараат да го напуштат селото.

Покрај мајка му, единствениот што остана во селото е дедото на Урош Блажиќ. Исто така, таткото, вујкото и братучедот на Блажиќ се во притвор и се истражува нивната вмешаност во оружјето што Блажиќ го користел за време на неговиот крвав пир, со кој девет семејства беа обвиени во црно, но и цела Србија.

Според информациите на „Блиц“, сослушувањето на сведоците е завршено. Исто така, заврши и психијатриското вештачење на Урош Блажиќ, кој помина еден месец во Специјалната затворска болница. Наредено е и психијатриско вештачење на Радиша Блажиќ, таткото на убиецот, како и на Б.Г.(19), братучедот на Урош Блажиќ. об/сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан