• среда, 18 декември 2024

Три медали од „Гран при Кроација“ за каратистите на Макпетрол

Три медали од „Гран при Кроација“ за каратистите на Макпетрол

Самобор, 21 јануари 2024 (МИА) – Каратистите на Макпетрол освоија три медали на меѓународниот турнир „Гран при Кроација“ што викендов се одржува во Самобор.

Стефан Стојановиќ се закити со сребро, а Јована Мицовска и Данило Божовиќ освоија бронзени медали. Стојановиќ, актуелен светски вицепрвак и европски бронзен медалист, се натпреваруваше во категоријата +84 кг. (У21), Божовиќ, во истата тежинска и возрасна категорија, (над 84 кг., постари јуниори), додека Мицовска медалот го освои во категоријата -61 кг. (У21). 

- Задоволни сме од настапот на нашите каратисти. Направивме добра контрола и главна и завршна меѓународна проверка на спортската форма. Заминавме со вкупно пет каратисти, а освоивме три медали - еден сребрен и две бронзени. Учествувавме со спортисти кои ќе настапат на претстојното европско првенство што од 9 до 11 февруари ќе се одржи во Тбилиси, Грузија. Постигнатите резултати, односно освоените три медали, говорат дека нашиот клуб располага со квалитетни млади каратисти од кои може да очекува добар резултат од европското првенство, изјави тренерот Петар Заборски.

На турнирот учество зедоа 1.539 каратисти од 29 земји, односно 233 клубови. зс/

Остани поврзан