• сабота, 23 ноември 2024

Три лица уапсени бидејќи фалсификувала епидемиолошки податоци

Три лица уапсени бидејќи фалсификувала епидемиолошки податоци
Рим, 30 март 2021 (МИА) - Италијанската полиција уапси три лица под обвинение дека повеќе од 40 пати  фалсификувале епидемиолошки податоци за Сицилија со цел да се избегне регионот да биде прогласен за подрачје со висок ризик од зараза со Ковид-19. Од ноември минатата година до 19 февруари испраќале фалсификувани епидемиолошки податоци за заразата со Ковид-19 на Сицилија до италијанскиот Висок институт за здравство, кој врз основа на неделните податоци од регионот предложува антиковид мерки. Приведените лица, задолжени за надгледување и следење на епидемиолошката ситуација на Сицилија ги менувале бројките на тестираните, заразените и починатите. Во измамата бил вклучен директорот на Одделението за здравство на регионланата Влада и неколкумина негови соработници, шефор на локалната Епидемиолошка опсерваторија, како и компанијата задолжена за информатичка обработка на податоците. ми/

Остани поврзан