• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Три лица се повредени во Харковската област по најновите руски напади

Три лица се повредени во Харковската област по најновите руски напади

Харков, 7 април 2025 (МИА) - Три лица се повредени во Харковската област во последните 24 часа како резултат на руските удари, објави на Фејсбук, Олег Синегубов, шеф на регионалната воена управа на Харков.

- Бремена жена и двегодишно дете се повредени во Херсон како последица на руско гранатирање. Мајката го заштитила синот со сопственото тело откако руски проектил го погодил нивниот дом и тие биле затрупани, објави на Фејсбук Олександр Прокудин, шеф на регионалната воена управа во Керсон.

Во Купјанск, руски напад предизвикал пожари на балконите и во становите на деветкатна станбена зграда, кои претрпеле делумна штета. Повредени се 79-годишна жена и 67-годишен маж, соопшти регионалниот гувернер. Во градот оштетени се и покривите на пет приватни куќи, а се запалила и станбена и помошна зграда.

- Во Березовка, руските сили извршија воздушен напад користејќи управувана воздушна бомба. Во селото Ивашки два дрона оштетија две приватни куќи, помошни згради и локалната енергетска инфраструктура, додаде Синегубов.

Во Золочив, напад со водена воздушна бомба оштетил приватен дом. Во нападот е повредена 68-годишна жена.

Според Синегубов, вчера се случиле два борбени судира во областа Харков - кај Вовчанск и во правец на Камјанка. Во областа Купјан, украинските сили одбиле осум руски напади кај Пиштане, Нова Крухљаковка, Бохуславка и Захризове. паг/

Фото: МИА архива



 

Остани поврзан