Три лица загинаа, петмина се повредени во рускиот напад на областа Херсон
- Руските трупи го напуштија Херсон и западниот брег на реката Днепар на крајот на минатата година, но сега редовно ги гранатираат тие области од позициите на источниот брег.
![Три лица загинаа, петмина се повредени во рускиот напад на областа Херсон](https://new.mia.mk/index.php/images/20231123140231_big_730x400_14.webp )
Киев, 23 ноември 2023 (МИА) - Три лица загинаа, а петмина се повредени во руски напад врз украинската област Херсон, соопштија денеска локалните власти.
Според извештаите, во нападот на градот Берислав загинал еден велосипедист, додека во друг случај, загинале маж и жена.
Руските трупи го напуштија Херсон и западниот брег на реката Днепар на крајот на минатата година, но сега редовно ги гранатираат тие области од позициите на источниот брег. ссм/
фото: архива