• недела, 24 ноември 2024

Три лица загинаа откако камион влета во парк во Њујорк за време на прославата на Денот на независноста

Три лица загинаа откако камион влета во парк во Њујорк за време на прославата на Денот на независноста

Њујорк, 5 јули 2024 (МИА) - Три лица загинаа, а осум се повредени во САД кога камион влета во група луѓе кои го славеа Денот на независноста во Њујорк, соопштија властите, пренесе Бета.

Од осумте повредени, тројца се во животна опасност, тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а двајца со полесни повреди.

Несреќата се случила синоќа, кога камион со голема брзина поминал низ раскрсница, иако имал знак за стоп, и влетал во парк на Менхетен, соопшти полицијата.

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс рече дека истражителите не веруваат дека инцидентот е терористички чин.

Полицијата соопшти дека на возачот на камионот му било извршено тестирање на алкохол, што се верува дека придонело за несреќата. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан