• сабота, 23 ноември 2024

Три лица загинаа во пад на медицински хеликоптер во САД

Три лица загинаа во пад на медицински хеликоптер во САД

Вашингтон, 22 јануари 2024 (МИА) - Три лица загинаа при пад на медицински хеликоптер во САД, пренесе БТА.

Несреќата на хеликоптерот се случила во саботата нешто пред полноќ во среднозападната држава Оклахома.

Контактот со хеликоптерот бил изгубен додека се враќал во својата база во Ведерфорд, на повеќе од 110 километри западно од Оклахома Сити, откако превезувал пациент во главниот град на државата. Засега не се познати повеќе детали. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан